Мерките за изолација во голем дел ќе бидат укинати во Мелбурн, поранешниот епицентар на епидемијата на коронавирусот во Австралија, откако градот забележал прв ден без нов случај на зараза по повеќе од 4 месеци.
Од 23:59 часот на 8-ми ноември, жителите на Мелбурн повеќе нема да имаат ограничување да патуваат само на 25 километри од своите домови. Тие исто таа ќе можат да патуваат во други делови на Викторија.
Сега е време да се отвориме, им рекол Ендрус на новинарите.
Мелбурн, втор по големина град во земјата, бил под строги мерки на изолација од почетокот на јули а владата на таа држава била обвинета дека нанела непотребна економска штета со тоа не ги ублажила порано рестрикциите.
Последен пат кога во Викторија не бил забележан ниеден случај на коронавирус, било на 9-ти јуни пред да почне вториот бран на инфекции.
Минало една недела откако во Викторија бил пријавен смртен случај од Ковид-19, а со смртта на тој човек на 19-ти октомври бројот на починати од коронавирус во таа австралиска држава се искачил на 817. Само 88 луѓе починале од ковид-19 во остатокот од Австралија.
Бројот на дневни инфекции во Викторија го достигнал пикот на почетокот на август кога биле забележани 725 новозаразени.
Comments are closed for this post.