Британската премиерка Тереза Меј, во последниот обид да ја обезбеди поддршката меѓу пратениците од Конзервативната партија, изјави дека планира да ја напушти функцијата пред парламентарните избори во 2022 година.
Таа соопшти дека нема да се кандидира во 2022 година – изјави конзервативецот Алек Шелбрук.
Меј се обрати на Комитетот 1922, орган задолжен за внатрепната организација на Конзервативната партија пред гласањето недоверба, покренато од противниците на договорот кој таа го постигна со ЕУ за Брегзит.
Во моментов, тројца членови на Комитетот 1922 ги пребројуваат гласовите на конзервативците, по што ќе следува одредена независна верификација пред соопштувањето на резултатите.
Comments are closed for this post.