Неодамна танцуваше на турнејата по Африка, а денес на партиската конференција на конзервативците британската премиерка танцуваше на песната од АБА, „Денсинг квин“.
Порката на Меј е јасна – таа нема така лесно да си ја продаде кожата, односно дека плановите на нејзините блиски партиски да ја соборат, како што тоа го најави поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон.
Во завршниот говор на конференцијата на конзервативците, Меј рече дека владата донела предлози кои се во релација со референдумот за излез од ЕУ и тие се според националниот интерес. Таа притоа призна дека има несогласувања во однос на стратегијата за Брегзитот, но ја повика партијата да се сплоти.
„ЕУ на Британија и понуди да прифати договор со кој ЕУ ќе ја држи Британија во Унијата, но не како полноправна членка, туку во однос на слободата на движење, големи годишни плаќања и стопирање на Велика Британија да потпишува трговски договори со други земји, или договор со кој ќе ја одвои Северна Ирска од Британија, останувајќи во царинска унија со ЕУ. Ние никогаш нема прифатиме такви нешта“, истакна Меј во говорот.
Таа порача дека пред Британија доаѓаат подобри денови и јасно стави до знаење дека е подготвена да ја напушти ЕУ и без договор.
Comments are closed for this post.