Медицинскиот техничар Нил Хегел е обвинет дека убил уште 100 пациенти во две болници во Германија. Новото судење за Хегел е закажано за денеска во гадот Олденбург.

Обвиненијата за убиство кој се покренати против него се однесуваат на периодот кога работел во болница во Олденбург помеѓу 1999 и 2002 година, а потоа и во друга болница во близината Делменхорст од 2003 до 2005 година.

Хегел во 2015 е осуден за две убиства и два обиди за убиство, а за време на судењето кажал дека намерно предизвикувал застој на срцето кај отприлика 90 пациенти во болницата во Делменхорст бидејќи уживал во чувството кое го имал додека ги оживувал.

Подоцна Хегел признал и дека убил пациенти во Олденбург

Надлежните потоа спроведоа детална истрага за стотина случаи во тие болници.