Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, смета дека Европската унија треба да го запре финансирањето и да воведе санкции на земјите-членки кои носат закони спротивни на фундаменталните европски вредности, како што е на пример судската независност и слободата на печатот.
Во изјава за ТВ ЗДФ, Мас забележува дека земји како Романија, Унгарија или Полска земаат повеќе фондови од ЕУ отколку што придонесуваат, така што Брисел може да игра на картата на намалување на фондовите.
Постојат фундаментални правила кои сите мора да ги почитуваат“, рече Мас.
Тој додаде дека членките кои нив ги кршат „треба да бидат под истрага за да се утврди дали да се наметнат финансиски санкции кон нив“.
Замрзнувањето на фондовите е единствениот јазик кои тие го разбираат“, истакна Мас.
Comments are closed for this post.