Околу 10.000 лица во Брисел учествуваа во марш против климатските промени. Присутните на протестот побараа од белгиската Влада да ги зголеми напорите за ограничување на емисиите на штетни гасови.
Ова е четврти ваков протест во Брисел во изминативе два месеца, на кој беше побарано поголема употреба на обновиливите извори на енергија и зајакнување на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот.
На сличен марш во декември учествуаа околу 70.000 лица, а во четвртокот речиси 35.000 ученици и студенти се собраа на протест во центарот на Брисел со барање за подобра заштита на климата.
Comments are closed for this post.