Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека рекордниот број пожари во амазонските шуми претставуваат „меѓународна криза“, што треба да биде прва точка на дневниот ред на средбата Г-7 која започнува утре во одморалиштето Биарец, јави Би-Би-Си.
Нашата куќа гори, напиша Макрон на Твитер.
Неговиот бразилски колега Жаир Болсонаро, кој за пожарите обвинува невладини оргнизации, му забележа на Макрон дека ја користи ситуацијата за да добие „политички поени“ и подвлече дека разгледувањето на пожарите на средба на Г-7 на која Бразил не учествува, е „неумесно колонијално милење“.
Сателитските податоци на Националниот институт за вселенски истражувања годинава покажуваат зголемување на пожарите во Бразил за 85% од кои најголемиот број се во Амазонија.
Comments are closed for this post.