Францускиот претседател Емануел Макрон се заложи за нов економски поредок, укажувајќи на кризата без преседан во пазарната економија.
Во говорот на годишната конференција на дипломатскиот совет во Елисејската палата, Макрон изјави дека Европа треба да ги преиспита своите врски со Русија.
Во екот на неизвесноста околу американската трговска политика, Макрон потенцира оти пазарната економија е премногу зависна од финансиите и дека создава нееднаквост што потоа го потресуваат политичкиот поредок.
Ние живееме на крајот на западната хегемонија во светот, делумно како резултат на западните грешки во текот на минатите векови – смета францускиот претседател.
Макронистакна дека е време Европа повторно да ги дефинира своите врски со Русија, да ги провери нејзините глобални амбиции и да избегне да биде фатена во средината меѓу двете страни во нова Студена војна.
Макрон појасни дека не сака ЕУ да ги укине санциите воведени поради припојувањето на Крим кон Русија, но истакна дека новите санкции не се во интерес на Унијата.
Време е да ги преиспитаме нашите врски со Русија – изјави Макрон, без не даде повеќе детали за идејата.
Во својот дипломатски говор, Макрон предупреди дека е голема стратешка грешка да се делува на начин што Русија се повеќе ќе биде оттурната од Европа.
Европските слабости и грешки помогнаа Русија да биде поттикната на сојуз со Кина и да го заживее своето влијание во Сирија, во Либија и околу Африка – истакна францускиот претседател.
Comments are closed for this post.