На форумот на УНЕСКО за Меѓународниот ден на правата на детето, претседателот на Франција Емануел Макрон најави и заострување на казните за слики со детска порнографија, јавува дописникот на МИА.
За борба против изложеноста на децата на порнографија на Интернет, Емануел Макрон најави дека им дадол рок од шест месеци на „интернет операторите“ да ја постават автоматски родителската контрола.
-Ние не носиме дете во продавница за секс на возраст од тринаесет години, рече шефот на државата по повод Меѓународниот ден на правата на децата во УНЕСКО, потсетувајќи дека тоа е просечната возраст на која малолетните лица се изложени за прв пат на порнографски слики. Начин да потврди дека, нумеричкиот простор не смее да биде поштеден од „јавниот ред“.
-Мораме да им овозможиме на родителите да ја имаат контролата во нивните раце, со автоматска родителска контрола за да се обезбеди нејзината примена, додека денес тоа е доброволна иницијатива“, рече Емануел Макрон, кој вети дека ќе им „даде шест месеци “на Интернет-операторите да најдат„ робусни решенија “, а ако во тоа не не успеат владата ќе донесе законски текст.
Претседателот на Франција, исто така, рече дека сака да ги зајакне контролите за пристап до порнографска содржина, со тоа што во казнениот законик да стане јасно дека едноставното кликнување за возраста на кросиникот на Интернет не претставува „доволна заштита“. Шефот на државата сака да го генерализира воспоставувањето на процесот на верификација за вистински да се потврди староста на посетителите на порнографските страници и рече дека „судиите“ можат да ги блокираат страници што не се во согласност со оваа мерка.
Овие најави се дел од низата проекти што ги отвори претседателот на Републиката за борба против насилството врз децата. Емануел Макрон најави заострување на казните за консултација со слики од детска порнографија, при што казните се зголемени на 5 години, создавање на систематска листа на сторители, со забрана за работа со деца
Comments are closed for this post.