Ќе ја обновиме катедралата и ќе биде уште поубава“.

Ова е пораката од францускиот претседател, Емануел Макрон, откако катедралата Нотр Дам, беше делумно уништена во пожар

Сакам изградбата да биде завршена за пет години“, рече претседателот во кратко телевизиско обраќање, 24 часа по огромниот пожар кој избувна во Богородичната црква во Париз.

Макрон додаде дека има многу да се изгради и реконструира и им се заблагодари на пожарникарите, донаторите и полицијата за безрезервната помош.

Донациите од голем број светски компании и богати поединци за обнова на катедралата Нотр Дам само за еден ден надминаа 600 милиони евра.