Вера Путин тврдеше дека е вистинката мајка на рускиот претседатрел и оти Владимир е роден од нејзината афера со оженет маж. Таа тврди дека таткото на Путин бил руски механичар, Платон Привалов, со кого останала бремена додека тој бил во брак со друга жена.
Вера почина на почетокот на јуни на 97-годишна возраст. Жената од сиромашното село Метеки во поранешната советска држава Грузија со децении тврдеш дека Путин и е син од врската со оженет руски механичар, кој наводно и бил одземен кога имал 10 години.
Вера во едно интервју пред нејзината смрт изјавила дека и е скршено срце бидејќи човекот со кој се гордеела бил премногу ладен за да ја признае вистината.Таа го чекаше Владимир 60 години.
Мојот сон не е да умрам додека Вова не ме види и барем еднаш не разговара со мене. Често го гледам во соништата, но тој не сака да разговара со мене, вознемирен е поради тоа што сум го правел во соништата. Не може да ми прости – рекла Вера на која последната желба не и се оствари..
Comments are closed for this post.