Људмила Навални, мајката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, го повика рускиот претседател Владимир Путин да и го предаде телото на нејзиниот син.
Во видеото кое е направено пред злогласната колонија ИК-3 каде загина Навални, Људмила вели дека со денови не можела да го види телото.
„Зад мојот грб е колонијата ИК-3, Поларниот волк, каде мојот син Алексеј Навални почина на 16 февруари“.Не можам да го видам пет дена. Не ми го дадоа неговото тело, не ми кажаа каде е“, рече Људмила Навални.
Comments are closed for this post.