На платените војници во Украина им се нуди месечна заработка од 60.000 долари, пишува „Тајмс“. Т.н „кучиња на војната“ ја преплавија Украина борејќи се на двете страни.

Најголем дел немаат никакви симпатии кон ниедна страна туку единствено се привлечени од 2000 долари дневно колку што добиваат за учество на фронтот.
На украинска страна се борат борци од Грузија, САД, Велика Британија, Хрватска, Косово, додека Русија има подршка од единицата на Сириската народна армија. Тие се познати и како „тигрите на Башар Ал Асад“.

Од друга страна Русија до Црвениот крст испрати податоци за повеќе од 500 заробени Украинци кои е подготвена да ги размени за заробените Руси, најави руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова.