Во Франција се уште трае полемиката за начинот и методите што францускиот претседатал ги избра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз која во април ја зафати голем пожар.

Околу 150 работници се уште работат на расчистување на урнатините и се обидуваат да ја стабилизираат катедралата.

Сепак, главниот шеф на проектот за обнова, архитектот Филип Вилнев предупредува дека „кровот се уште може многу лесно во целост да се уништи“.

Во изјава за Фигаро тој вели дека е можно за пет години да се поправи Нотр Дам.

„Но, и потоа треба да продолжат реставраторските работи…и тоа сигурно ќе потрае повеќе од пет години“, вели тој.

Макрон најави обнова на катедралата за пет години. Усвојувањето на проектот за катедралата во парламентот се уште е под знак прашање иако валдата би сакала тоа што побрзо да се оствари, нагласува весникот. Законот би требало да се усвои најдоцна до крајот на јули.