Вискоката претставничка на ЕУ за надоврешна политика Каја Калас денеска рече дека имаат план „Б“ за прием на Украина доколку Унгарија ќе стави вето. Ова го навлече незадоволството во Македонија поради тоа што официјален Брисел од нас бара да направиме уставни измени и да и удоволиме на Бугарија.За Македонија план „Б“ или „Ц“ не се споменува.
Која е Каја Калас
Оваа Естонка најпозната е по омразата кон Русија. Има 47 години и е поранешна премиерка.
Студирала право во Естонија и Франција, по што се занимавала со адвокатура, а во политиката влезе во 2010 година.
Од 2011 до 2014 година Каја беше пратеник во естонскиот парламент, а во 2014 година беше избрана за пратеник во Европскиот парламент.

Таа потекнува од политичко семејство. Имено, нејзиниот татко Сим Калас извршувал неколку важни функции: од гувернер на националната банка, преку министер за надворешни работи и финансии до премиер на Естонија (2002-2003 година), додека прадедото на Каја, Едуард. Алвер, беше еден од водачите на естонските вооружени сили за време на војната за независност од Советска Русија.
Жесток противник на каква било соработка меѓу ЕУ и Русија. Нејзиното семејство било депортирано во Сибир.
Кога баба ми и мајка ми беа депортирани во Сибир, КГБ издаде налог за апсење. Кремљ сега се надева дека овој потег ќе помогне да ме замолчат мене и другите, но тоа нема да се случи. Сосема спротивно“, рече во една прилика Калас.
Comments are closed for this post.