Централната изборна комисија во Израел ги објави нецелосните резултати од преброени речиси 93 проценти од гласовите на предвремените парламентарни избори кои покажуваат дека двете водечки партии постигнаа речиси идентичен резултат. Бени Ганц и неговата партија Сино и бело освои 33 мандати, додека Ликуд на премиерот Бенџамин Нетанјаху едно помалку -32 и ова е сценарио за тешки коалициски преговори кои најверојатнто ќе завршат со формирање техничка влада.
Иако ова не се конечни резултати, јасно е дека не се очекуваат некои поголеми промени, иако е можно Ликуд да има едно седиште од партијата на Ганц.
Трета партија во Кнесетот е Заедничката листа на арапските партии кои освоија 13 седишта од вкупно 120 седишта. Како клучен човек се смета Авигдор Либерман кој освои осум места, а токму Либерман бара техничка влада.
Comments are closed for this post.