Француската Влада соопшти дека планира да вработи полицајци во училиштата како дел од напорите да се справи со насилствато. Ваквата идеја додаде откако се случија неколку инциденти во француските училишта.
Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане, по состанокот со министрите за правда и образование, изјави дека се очекува Владата да ја претстави својата идеја наредната недела.
Во најпроблематичните подрачја не е исклучена можноста за присуство на полицаец во училиште, со согласност на директорот, истакна Кастане.
Состанокот е свикан по појава на видео снимка на која се гледа ученик како се заканува на професор со лажен пиштол.
Француските медиуми јавија дека уште четворица ученици на почетокот на месецот во Авр се заканувале на професори со лажни пиштоли.
Comments are closed for this post.