Кинезите открија високо квалитетна и многу вредна нафта во подрачјето на Бохајско Море. Ова откритие на нафта и гас во Бохајскиот Залив е најголемо во изминатите 50 години, а би можеле да го користат милиони граѓани во следните стотина години.
Пронајдени се и резерви на природен гас, кои надминуваат 100 милијарди кубни метри.
Бохајското Море е оддалечено малку повеќе од 100 километри од регионот Пекинг-Тианџин-Хебеј, познатиот „Џинг-Џин-Џи“.
Нафтеното поле Бохај е втора по големина база за производство на нафта во Кина, чии откриени резерви во изминатите 50 години биле главно сурова нафта. Досега имало само неколку откритија на природен гас поради геолошката структура на комплексот.
По ископувањето, природниот гас би можел директно да се транспортира на пазарот преку веќе постоечките гасоводи.
Comments are closed for this post.