Соединетите Американски Држави објавија дека делумно ги суспендираат некои од своите најстроги санкции врз Сирија за дополнителни 180 дена, откако претседателот Доналд Трамп го угости сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Белата куќа.
Трамп се сретна со ал-Шара за време на првата посета на сирискиот претседател на Вашингтон, шест месеци по нивниот прв состанок во Саудиска Арабија и само неколку дена откако Вашингтон изјави дека поранешниот член на Ал Каеда повеќе не е „специјално назначен глобален терорист“.
Ал-Шара бвлезе низ странична врата, наместо низ главниот влез во Западното крило каде што камерите често го снимаат Трамп како ги поздравува високите функционери. На групата новинари кои често ја посетуваат Овалната соба за вакви состаноци не им беше дозволено да влезат. Министерството за финансии на САД издаде нова наредба со која се обновува ослободувањето од Законот Цезар од 23 мај, опишувајќи го како „обврска за продолжување на олеснувањето на санкциите врз Сирија“. Се чини дека ослободувањето е продолжено за уште 180 дена.
Исклучоци се „одредени трансакции што вклучуваат влади на Русија и Иран или трансфер на стоки, технологија, софтвер, средства, финансирање или услуги од руско или иранско потекло“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
Иако Трамп ги укина многу од санкциите врз Сирија, Конгресот е тој што мора да ги укине најстрогите мерки според таканаречениот Цезар закон.
42-годишниот Шаара ја презеде власта минатата година откако неговите исламистички борци започнаа молскавична офанзива од нивната енклава во северозападна Сирија и го соборија долгогодишниот сириски претседател Башар ал-Асад на 8 декември 2024 година, по денови борби.







Comments are closed for this post.