Обвинители истрауваат дали белгиските банки исплаќале камати и дивиденти на сметки замрзнати согласно санкциите на ОН од 2011 година по соборувањето на лидерот на Либија, Моамер Гадафи.

Како што јави РТ, се проценува дека околу 5 милијарди евра биле пренесени на лица кои ги контролирале либиските сметки. Меѓу нив се спомнуваат и милитантни групи во земјата кои се обвинети за кршење на човековите права, објави белгискиот јавен сервис кој се повикува на неименуван извор.

Дифузерот вели дека кога ОН се согласиле да ги замрзнат депозитите во странство на администрацијата на Гадафи, Белгија не ги запрела исплатите на камати и дивиденди.

Инаку за време на интеревнецијата на НАТО врз Либија во 2011 година, ОН воведе санкции со кои ги заплени либиските владини пари во износ од 67 милијарди долари, и тоа чувани на сметки само во Европа и во Северна Америка.

Белгискиот министер за надвоешни работи Дидие Рејндерс изјави вчера за медиумите дека тој не е вклучен во носењето одлука за одблокирање на исплатите за камати и ивиденди. Тој топката ја префрли кај Министерствотото за финансии.