Процесот не беше сосема транспарентен“ е коментарот што досегашниот прв човек на Европската комисија Жан Клод Јункер го даде за начинот на кој лидерите на Европската унија ја именуваа неговата наследничка на функцијата Урсула фон дер Лајен.
Претседателот на ЕК во заминување упати остри критики за именувањето на неговата наследничка на високата функција, германската министерка за одбрана фон Дер Лајен, наведувајќи дека „процесот не беше транспарентен“, пренесуваат западните медиуми од неговата прес конференција во Хелсинки, на која додаде дека неговиот избор на функцијата, пред пет години, „бил изведен на транспарентен начин, по кампањата на европските избори“.
Comments are closed for this post.