Јазот меѓу сиромашните и богатите во Европа за 15 години е зголемен за 70%, изјави на тркалезна маса во Брисел главниот извршен директор на Светската банка, Кристалина Георгиева.
Европа секогаш настојувала на своите граѓани да им овозможи еднакви можности. Само што во последните 15 години разликата меѓу најсиромашните и најбогатите е зголемена за над 70%-10 отсто од најсиромашните граѓани на Европа осиромашиле за дополнителни 7 проценти, а 10-те проценти најбогати станале побогати за 66%, забележа таа.
Според податоците на невладината организација Оксфм, која се занимава со проблемите на сиромаштијата, разликата меѓу сиромашните и богатите расте побрзо во целиот свет.
Според Оксфам, 42-те најбогати семејства во светот располагаат со богатство, што соодветствува на „богатството“ на 3,7 милијарди луѓе во светот.
Comments are closed for this post.