Израелската армија ги бомбардираше студијата на телевизијата на Хамас „Ал Акса“ во Појасот Газа. Според очевидци во реонот прво биле истрелани најмалку пет ракети без боева муниција како предупредување за да можат да се евакуираат луѓето.

Претходно, палестински медицински претставници соопштија дека во израелските воздушни напади во северниот дел на Појасот Газа се убиени две, а повредени три лица. За сега не е јасно дали станува збор за екстремисти или цивили, а претставниците истакнаа дека се работи за мажи од 20-тина години.

Во новата ескалација на насилството, израелските сили за одбрана соопштија дека авијацијата почнала да напаѓа „терористички цели во Појасот Газа“ откако палестинските екстремистички организации Хамас и Исламски џихад во заеднички напад од Појасот Газа истрелаа 80 гранати во јужниот дел на Израела, во знак на одмазда поради синоќешното убиство на седум припадници на Хамас. Како што соопштија од израелската армија, во последните неколку часа со авиони, дронови и тенкови гаѓале над 70 цели на Хамас и Исламски џихад во Појасот Газа како одговор на ракетирањето на Израел.


Израелски медиуми јавија дека Палестинци отвориле оган со минофрлачи од Газа и уништиле автобус во Израел, во близина на границата. Во нападот нападот биле повредени шест луѓе, меѓи кои и еден 19-годишен човек, кој е во критична состојба.

Во Појасот Газа денеска во присуство на илјада луѓе беа погребани седумте припадници на Хамас, а за време на погребот вооружени лица во маскирни униформи повикуваа на одмазда.