Повеќе од 40 лица загинаа, а најмалку 20 се повредени откако изгоре патнички автобус во Зимбабве, соопшти локалната полиција.

Меѓу повредените има лица со тешки изгореници, а властите сè уште немаат детали за причините за пожарот.

Несреќата се случи на околу 550 километри од Хараре, додека автобусот се движел кон Јужна Африка.