Генералното собрание на ОН го потврди Глобалниот договор за миграција, кој беше усвоен во Маракеш минатата недела. Тоа е првиот меѓународен документ за прашањето на миграцијата, кој не е правно обврзувачки.

Договорот беше усвоен со 152 гласа „за“, додека пет земји гласа против и тоа САД, Израел, Унгарија, Чешка и Полска. Воздржани беа 12 држави, меѓу кои Бугарија, Австрија, Австралија, Швајцарија и Италија.

За поддршка на договорот гласаше и Белгија, иако тој предизвика повлекување на една од партиите од владејачката коалиција и доведе до оставка на премиерот, Шарл Мишел.