Италијанскиот политичар кој јавно зборува против вакцинирање деца го фатила „клетвата“ – префрлен бил во болница со овча сипаница. Информацијата предизвика лавина коментари од типот:„Па нели ти реков“!
Масимилијано Федрига, гувернер на италијанската провинција Фриули-Венеција Џулија се соочи со куп потсмешливи коментари откако се разбра дека бил префрлен во болница заразен со варичела.
Политичарот од десничарската Ла лига го осуди законот од 2017 година со кој вакцинирањето е обавезно и го нарече „сталинистчки метод“ и побара вакцинирањето да биде на доброволна основа.
И покрај тоа, него го сметаат за противник на вакцинирањето. Тој призна дека го добил тоа што го заслужил зашто „и плукнал в лице на науката“.
Федрига бил пуштен од болница во понеделникот.
Comments are closed for this post.