Италијанската полиција разби криминална група која се занимавала со недозволена трговија со дрога, а чии членови главно биле Албанци.

Во акцијата запленети се 281 килограм дрога, од кои шест килограми кокаин и 275 клограми марихуана.

Базата на групата била во Фиренца. Мархуаната произведена во Албанија илегално по морски пат била транспортирана до Италија а потоа дистрибуирана во многу градови во земјата.

Акцијата ја поздравил министерот за внатрешни работи Матео Салвини.

Признание за полициските сили. Благодарејќи им ним денот започна со добра вест,оценил Салвини.

Во акцијата која освен во Фиренца била спроведена во уште четири други градови уаспени се 15 лица, од нив 11 Албанци, двајца Мароканци и по еден Романец и Италијанец.

Во други две одделни акции италијанската полиција запленила 160 килограми марихуна и уапсила двајца Албанци.

Инаку, според албанските медиуми зачестени се обидите за шверц на марихуана и кон Грција, каде деновиве во близина на селото Гревана запленила 270 килограми и уапсила албански државјанин.