Според првичните резултати во четвртиот квартал, економијата на Италија влезе во рецесија, што воедно е првпат по 2013 година некоја земја на ЕУ толку да потоне.
Италијанската економија забележа пад од 0,2 отсто во последниот квартал од минатата година, а тоа по намалувањето од 0,1 процент во претходниот, трет квартал, значи влез во рецесија.
Италија е една од најголемите европски економии и во текот на 2018 година имаше многу проблеми, поради што се создаде страв од повторување на судбината на Грција.
Рецесија во Италија влијаеше и на пошироката економија на еврозоната, која во последните три месеци од 2018 година порасна за само 0,2 отсто. Во Брисел се загрижени дека лошите ефекти на италијанската рецесија допрва ќе се чувствуваат.
Comments are closed for this post.