Италијанско-руската стопанска комора објави дека Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) потпишал договор со швајцарската фармацевтска компанија „Адиен“ за заедничко производство на вакцината „спутник В“ во Италија, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека комората објавила во соопштението дека овој потег го отвора патот за создавање на првиот производствен погон на „спутник В“ во Европа, со план италијанското производство да започне во јуни.
Се очекува дека врз основа на овој договор, околу 10 милиони дози на вакцина „спутник В“ можат да бидат произведени во Италија до крајот на годината.
Comments are closed for this post.