Рускиот доктор, во чија клиника беше лекуван критичарот на Кремљ, Алексеј Навални директно по нападот со отров во минатата година, исчезна. Потрагата по него досега е без резултат.

Полицијата во регионот Омск, околу 2200 километри источно од Москва, објави дека лекарот Александар Мураховски во петокот ја напуштил ловечката база во шума во теренско возило и оттогаш не е виден.

Кон потрагата се придружија итни служби, дронови, хеликоптер и волонтери на терен.Мураховски е главен лекар во болницата во сибирски Омск во која се лечеше Навални, најгласниот критичар на претседателот Владимир Путин.

Мураховски потоа беше унапреден во регионален министер за здравство.По напнати преговори со властите, Навални беше префрлен на лечење од Омск во Германија.

Лабораториските тестирања во три европски земји, кои ги потврди глобалниот орган за надзор на хемиско оружје, утврдија дека Навални е отруен со нервниот агенс Новичок. Кремљ повеќепати ги отфрли обвинувањата дека руските власти се обиделе да го убијат Навални.

Навални се наоѓа во затвор од февруари и тврди дека е обвинет поради измислени обвинувања.