Иран бил и ќе биде чувар на безбедноста и слободното пловење во Персискиот залив, Ормускиот залив и Оманското море, порача претседателот на Иран, Хасан Рохани.
Рохани ова го порача по повод заплената на британски нафтен танкер од страна на иранската револуцинерна гарда.
Велика Британија соопшти дека сака да формира мисија под европско водство за надгледување и заштита на бродовите во тоа подрачје.
El presidente iraní @HassanRouhani ha declarado este martes que #Irán es el “guardián de la seguridad” en el #golfo_Pérsico y el estrecho de #Ormuz y que no busca un aumento de la tensión
vía @efe— Angeles Espinosa (@angelesespinosa) July 23, 2019
„Иран не сака ескалација на актуелните тензии во регионот и со другите земји и никогаш нема да започне војна или некаков конфликт“, истакна Рохани, пренесува италијанската агенција АНСА.
Рохани по состанокот со ирачкиот премиер Адел Абдул Махдиј повика на дијалог и на регионална соработка.
„Продлабочување на соработката помеѓу Техеран и Багдат извесно е дека ќе придонесе кон стабилноста и безбедноста на регионот“, напомена Рохани.
Премиерот на Ирак, Абдул Махди повтори дека неговата земја нема намера да биде дел од какви било санкции против Иран.
Comments are closed for this post.