Не сум никаков херој.Тоа ми беше работа. Да не го направев тоа ќе ми дадеа отказ. Како ќе најдев работа после тоа.

Ова го вели Олексиљ Ананенко еден од инжeнерите кои веднаш по експлозијата во Чернобил влегол во подземниот тунел под оштетениот рекатор за да го отвори вентилот за одвод.

Како што работниците испумпувале големи количини вода под реакторот се направил голем базен. Со натрупување на песок и олово огнот не се гаснел туку се претворал во лава која може да предизвика термална експлозија што би ги уништила и другите реактори и би значела смрт за 30 милиони луѓе.

 

Некој мораше да испушти вода од базените и тоа рачно. Не е вистина дека нуркачите настрадаа, сите преживеаа. Еден умре во инфаркт во 2005 година. Серијата е полна со невистини. Ние не се јавивме добороволно туку бевме на смена. Никој не не праша ниту, пак, ни нудеше парична награда – раскажува Ананенко.

И другиот инженер, Олексиј Бреус, е жив и здрав и бил сведок на случувањата во нуклеарката. Тој по многу години го посети Чернобил за прв пат.

Катасторфата во која страдаа многу луѓе е опишана моќно . И емоциите се опишани прецизно. Меѓутоа, технолошките аспекти не се реални, а тоа не мора да биде лага туку фикција – смета Бреус.

И двајцата работници денеска живеат во Киев и имаат пензија од околу 370 евра.