Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, изјави дека е избрано местото каде што ќе биде прместена престолнината на земјата. Тоа е област која опфаќа делови од регионите на Северен Пенахам и Кутаи Картанегара во провинцијата Источен Калимантан на островот Борнео.
Локацијата е стратешка, бидејќи е во центарот на Индонезија. Ризиците од катастрофи како што се поплави, земјотреси, цунами и вулкански ерупции се минимални – изјави Џоко.
Индонезискиот претседател прецизира дека преместувањето на престолнината ќе чини 466 трилиони рупии (32,79 милијарди долари), од кои државата ќе финансира 19 отсто, а останатите ќе бидат од приватни инвестиции и јавно-приватно партнерство
Comments are closed for this post.