Дека луѓето живеат колку што ќе им даде господ доказ е и овој 90 годишен дедо од Украина.
Тој целиот живот го поминал во Чернобил во непосредна зона каде што пред 30 години се случи нуклеарна катастрофа.
Иако сите им велеле да се отселат тие не го напуштиле родното огниште и со сопругата останале.Бабата му умрела пред неколку години од природна смрт и оттогаш дедо Иван е сам. Но не тагува, подработува во нивата, каде има посадено овошје и зеленчук и редовно пешачи.
Засега е се во ред.Вчера беа доктори ме ставија во кревет и ме проверуваа. Велат, дедо со тебе е се во ред. Мојата сестра со мажот се отселија и наскоро беа под земја. Умреа од потиштеност. Јас не сум потиштен, малку пеам, малку работа, живеам полека-раскажува Иван.
Погледнете ја неговата приказна за која се заинтересираа дури и Обединетите нации.
“The secret of a long life? Not leaving your birthplace” – Ivan Shamyanok (90) of #Chernobyl https://t.co/Ot2izjbFDP pic.twitter.com/ioIgDAJSJg
— UNHCR Central Europe (@RefugeesCE) April 26, 2016
30 Jahre #Tschernobyl: Ivan Shamyanok (90) hat seine verstrahltes Heimat nie verlassen https://t.co/59Nldv55xC (sst) pic.twitter.com/0iaQCgfb7z
— ZEIT ONLINE (@zeitonline) April 26, 2016
Comments are closed for this post.