Холандија од сабота го воведува првиот полициски час по Втората светска војна со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, откако мнозинството пратеници ја поддржаа оваа итна мерка за време на вчерашната дебата.
За време на полицискиот час, само луѓето со итни потреби ќе можат да ги напуштат своите домови помеѓу 21 часот и 4:30 часот по локално време, а се очекува да трае најмалку до 9 февруари.
Исклучоците вклучуваат итни медицински случаи, луѓе кои мораат да бидат на отворено за да вршат основни работи, но исто така и оние кои носат домашни миленици на прошетка. Прекршителите можат да бидат казнети со 95 евра.
Училиштата и некои продавници во Холандија веќе се затворени од средината на декември, откако баровите и рестораните беа затворени два месеци порано.
Инфекциите со коронавирусот во Холандија постојано се намалуваат во последните три недели, но здравствените власти велат дека новите видови на вирусот ќе доведат до нов бран на заразата до февруари, освен ако не се заострат мерките за социјално дистанцирање.
Comments are closed for this post.