Хофер: Одлуката за поместувањето на часовникот не пред 2021 година

03.12.2018 / 20:56


Одлуката за укинување на поместувањето на часовникот од зимско на летно сметање, веројатно нема да биде донесена пред 2021 година, изјави австрискиот министер за сообраќај Норберт Хофер.

Тој изјавил дека датумот за почеток на спроведување на одлуката, две години подоцна од датумот кој го предложи Европската комисија, ќе им даде време на членките на ЕУ да се подготват.

Хофер пред почетокот на состанокот на министрите за сообраќај на ЕУ, изјавил дека поедини земји го предупредиле, доколку инсистира веднаш да се изврши промената, нема да бидат во можност во поедини сектори, како што се транспортот, да се спроведат неопходните мерки за прилагодување, јавува агенцијата „ДПА“.

„Доколку инсистираме промената да се изврши, тоа ќе го загрози предлогот на Комисијата и нема да бидеме во можност воопшто да ја сопреме праксата на поместување на часовникот“  – предупредил Хофер.

Европската комисија предложи членките на ЕУ да го укинат преминувањето од зимско на летно сметање на времето, откако таквиот предлог во анкетата спроведена на интернет во земјите на Унијата ја поддржаа 84 отсто од испитаниците.

Меѓутоа, членките на ЕУ и Европскиот парламент мораат да ја одобрат конечната реформа, а потоа земјите ќе одлучат дали ќе останат на летно сметање на времето или зимско.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Свет

Ново оружје на стариот криминал: 3D принтањето кое чука на вратата на Балканот

пред 2 дена
Свет

Претседателот на Европскиот совет кој утре е во Скопје беше под истрага за корупција со рудници за литиум

пред 1 нед.
Свет

Фон дер Лајен виновна во случајот „Фајзергејт“, пресуди Европскиот суд

пред 1 нед.
Свет

Лав или Леон Четиринаесетти, како е правилно?

пред 1 нед.
Свет

Афера „Фајзергејт“: Фон дер Лајен на приватен меил договарала милионски договор за набавка на вакцини!?

пред 1 нед.
Свет

Koja e Kaja Kaлас која има план „Б“ за Украина но не и за Македонија: Ја мрази Русија од дното на душата бидејќи семејството и било депортирано во Сибир

пред 2 недели
Свет

За Македонија не може да имаат: EУ и Каја Калас имаат резервен план ако Унгарија стави вето на приемот на Украина

пред 2 недели
Свет

Ден на Европа наместо Ден на победа над фашизмот

пред 2 недели
Свет

Кнедли од есетра, борш и десерти, вино од Крим: Eве што јадеа гостите кај Путин

пред 2 недели
Свет

„Мир со вас“ се првите зборови

пред 2 недели