Адолф Хитлер во почетокот на четириесеттите години планирал да го киднапира тогашниот поглавар на Римокатоличката црква. Фирерот имал големи несогласувања со тогашниот папа Пиј ХII кој не му дозволил да постави свои бисти во црквите во Германија, пишува „Бизнис инсајдер“.

Тогаш Хитлер дошол до идеја дека би можел да го киднапира папата и себеси да се прогласи покрај за политички и за верски водач.Пиј бил познат по тоа што им помогнал на Еверите да го напуштат Рим пред да дојдат нацистите.

Тој во својата канцеларија го викнал генералот Карл Вулф и му го кажал планот: Заземете го Ватикан најбрзо што можете, заштитете ги податоците и уметничките вредности, а папата однесете го на север.

За среќа генералот планот го кажал на властите во Ватикан кои навреме го известиле папата и тој бил однесен на сигурно.