Еврокомесарот за проширување во заминување, Јоханес Хан, верува дека треба да му се даде шанса на неговиот назначен наследник, Унгарецот Ласло Трочањи, да докаже дека ќе ги почитува европските вредности.
Назначувањето на Ласло Трочањи, поранешен министер за правда на Виктор Орбан, на местото комесар за проширување предизвикува големи контроверзии во ЕУ, а неговото сослушување во Европскиот Парламент се очекува да биде едно од најтешките.
Како поранешен министер за правда на Унгарија, тој беше одговорен за бројни проблематични реформи во унгарскиот судски систем, поради кои ЕУ води прекршочни процеси против Будимпешта.
Но, сегашниот еврокомесар, Јоханес Хан, кој доаѓа од истото политичко семејство како и Трочањи, бара да му се даде шанса на Унгарецот.
Кандидатот беше член на Венецијанската комисија, која е една од институциите со најголемо реноме за прашања поврзани со владеењето на правото, а секој комесар мора да даде заклетва за европски вредности и повелби и тој е европски претставник, вели Хан во интервју за Евроњуз.
Запрашан дали ја разбира загриженоста на европратениците дека станува збор за близок на Виктор Орбан со важна улога во контроверзните судски реформи, Хан верува дека неговиот наследник ќе биде „убедлив“.
Ја разбирам загриженоста, но тој е поединец, тој треба да се претстави пред Европскиот Парламент, дефинитивно ќе биде тешко сослушување и европратениците треба да ги донесат потребните одлуки, но јас сум уверен дека колегата ќе се претстави на убедлив начин, одговара Хан.
Во интервјуто, комесарот во заминување изразува задоволство што е направен прогрес во подготвувањето на земјите кандидатки за членство во ЕУ и вели дека е убеден дека Северна Македонија и Албанија ќе добијат зелено светло за старт на преговори во јуни од страна на земјите членки
Comments are closed for this post.