Владата на Гвинеја денеска официјално прогласи нова епидемија на ебола, откако беа откриени осум случаи на вирусот во југоисточниот дел на земјата, соопшти Министерството за здравство.
Рано утрово, во лабораторијата во Конакри беше потврдено присуство на вирусот, директорот на Националната агенција за здравствена безбедност, Сакоба Кеита, пренесува Гардијан.
Демократска Република Конго го потврди четвртиот случај на ебола во провинцијата Северен Киву, каде првиот случај беше откриен на 7 февруари.
Ова е прво појавување на вирусот ебола во Западна Африка по тешката епидемија од 2013 до 2016 година, во која починаа повеќе од 11.300 луѓе во регионот.
Светската здравствена организација соопшти дека брзо ќе испрати помош.
Comments are closed for this post.