Германскиот Бундестаг овој петок треба да гласа за законот за полесно стекнување германско државјанство. Правилата ќе стапат на сила од април.Не само што странците побрзо ќе добијат германски пасош, туку ќе се овозможи и двојно државјанство, што начелно беше забрането до сега.Во „посебни случаи“ барањето ќе може да се поднесе веќе по три години.

На пример, ако некој покаже исклучителен напредок во јазикот, на работа или на училиште, или се вклучи во волонтирање во некои организации ќе може да го добие многу брзо.

Па така, наместо за осум, германско државјанство ќе се добива за пет години престој.