Германскиот министер за здравство , Јернс Шпан, во денешната изјава за агенцијата ДПА, планира да донесе препораки до сојузните покраини за задолжителна вакцинација на децата против мали сипаници.

,Државата мора да делува доколку опасниоста од загрозување на здравјето на другите деца во градинките или училиштата не може да се избегне на друг начин.” , изјави министерката за семејство , Франциска Гифеј , пренесуваат германските медиуми.

Министерот за здравство Шпан најави дека во договор со коалициските партнери во владата , ќе воведе обврска за вакцинација од морбили за сите деца кои тргнуваат на училиште или во градинка.

Во петокот сојузната покраина Бранденбург прогласи обврска за вакцинација , а деновиве се очекува истото да гио направи и најмногубројната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Во Германија вакцинацијата не е задолжителна , но од 2016 дури 95 проценти од децата се вакцинираат по препорака од Лекарската комора.