Германија не губи надеж дека ќе го врати културното наследство што Црвената армија го однела во Русија по освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Се работи за вредни експонати, уметнички слики како и златни предмети.

Тие сега се наоѓаат во рускиот музеј Ермитаж во Санкт Петербург и во Музејот за ликовна уметност во Москва.

Според руските медиуми, во периодот по Втората светска војна на Германија и се вратени повеќе од 1,6 милиони уметнички дела, вклучувајќи го и познатиот експонати уметничката галерија во Дрезден.