Германскиот весник „Билд“ објави денеска дека федералната влада и лидерите на 16-те провинции се согласиле да ја продолжат блокадата за ограничување на ширењето на коронавирусот до 31 јануари.
Тековните ограничувачки мерки, воведени од 16 декември, истекуваат на 10 јануари. Во моментов училиштата, повеќето продавници, ресторани и барови се затворени.
Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на покраините утре ќе разговараат за новите мерки.
Билд не се повикува на извори во написот.
Германија регистрираше 9847 нови случаи во последните 24 часа и има вкупно 1.775.513 случаи во држвата. Бројот на смртни случаи е 34.547.
До денеска, 238.809 лица ја примиле првата доза на вакцината од 27 декември, кога започна имунизацијата
Comments are closed for this post.