Германија има потреба од 260.000 имигранти годишно за да го компензира недостигот од работна сила во државата, соопшти Дојче веле.
Според најновите истражувања, работната сила од Европската унија не може да ги задоволи барањата на германската економија. За да го компензира недостигот, Германија ќе треба да обезбеди 146.000 работници од држави, кои не се членки на Унијата.
До 2060 година, германската економија ќе има потреба од 260.000 имигранти годишно за да одолее на недостигот од работна сила.
Државата се соочува со демографски пад. Како последица на тоа, се очекува бројот на работоспособно население до 2060 година да се намали за една третина. Во отсуство на имигранти, германската економија може да се соочи со огромни проблеми. Според официјалните податоци, во 2017 година во државата дошле 38.000 работници.
Comments are closed for this post.