Француски „Монд“ беше принуден да им се извини на читателите за насловната страница на своето неделно издание, откако некои во црно-белата фотографија на претседателот Емануел Макрон виделе сличност со фотографии на водачот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, јавува ТАСС.

Насловната страница на вчерашниот број на неделникот „предизвика критички реакции“ од страна на некои читатели, призна во соопштение објавено од „Монд“, директорот на редакцијата, Лук Бронер.

Им се извинуваме на луѓето, кои беа шокирани од графичките идеи, што природно немаат ништо заедничко со укорите адресирани кон нас, напиша тој.

Според Бронер, дизајнерите црпеле инспирација од творештвото на руските конструктивисти. Тој потсети дека уметникот Линколн Агну веќе објавил неколку насловни во ист стил.

Критичките реакции се појавија на социјалните мрежи и тие се сведува на споредба на две илустрации. Едната претставувала црно-бела фотографија на Хитлер, застанат пред црвено-белото знаме на Третиот рајх со црн кукаст крст, а втората-насловната страница на списанието. Уметникот поставил црно-бел портрет на францускиот претседател на црвено-бела основа, а точно зад неговиот грб се гледа напишана со црн готски фонт буквата М-што го означува името на неделникот.