Франција ги забрани шамарите како воспитна мерка кај децата. Сега со закон се заменува наредбата на Наполеон од 19 век и со него се укинува насилството над децата, кое имало за цел нивно дисциплинирање.
Според последните анкети на општественото мислење, дури 85% од Французите вршеле насилство над своите деца.
Новиот закон не предвидува казни, туку силна информативна кампања против штетното влијание од агресијата над децата.
Според новиот закон, на брачните церемонии останува задолжителна реченицата: „Родителскиот авторитет се остварува без физичко или психичко вознемирување“.
Comments are closed for this post.