Движењето и протестите на „жолтите елеци” ќе имаат сериозно влијание на националната економија, изјави денеска францускиот министер за финансии Бруно ле Мер.
Може да очекуваме ново забавување на економскиот раст на крајот на годината поради протестите, изјави францускиот министер.
Материјалната штета од вчерашните протести на „жолтите елеци” во Париз се поголеми од оние од пред една недела, кога беа оштетени некои од знаменитостите во градот, како што е Триумфалната капија.
Многу поголема штета е направена вчера, отколку пред една недела. Економската цена е значително повисока, многу продавници останале затворени за време на викендот, иако во тек е традиционалната претпразничка шопинг сезона, изјави денеска заменикот-градоначалник на Париз Емануел Григор, кој е задолжен за финансиите на градот.
Во вчерашните протести беа опожарени голем број возила, искрешени се излози на продавници и ресторани
Comments are closed for this post.