Француската полиција во сабота ќе распореди повеќе од десет илјади полицајци низ цела Франција, додека само во Париз ќе бидат околу 8000 службеници.

Мора да бидеме подготвени на најлошото сценарио, изјави шефот на полицијата Мишел Делпех за РТЛ.

Француската влада ги повика „жолтите елеци“ овој викенд да не протестираат поради терористичкиот напад во Стразбур, но засега нема најава за откажување на протестите.

„Жолтите елеци“ одржаа протести и блокираа улици во делови на Франција, протестирајќи против зголемувањето на цената на горивата.