Француската министерка за труд Елизабет Борн изјави денеска дека е најважно компаниите да го зголемат работењето од дома, со цел да се избегне ново заклучување на земјата во борбата против ширењето на корона вирусот.
Изминатите денови податоците за Ковид-19 не се добри. Сите сакаме да избегнеме нов локдаун, а работата од дома е добро решение, истакна Борн.
Таа најави дека в петок ќе се сретне со претставници од секторите за банкарство, осигурување и инженеринг, а темата на разговорите ќе биде работењето од дома.
Comments are closed for this post.