Франција го надмина прагот од два милиона луѓе заразени со новиот коронавирус од почетокот на епидемијата.
Вториот бран е голем и смртоносен … Го преминавме прагот од два милиона заразени со коронавирусот, изјави синоќа директорот на Јавно здравје на Франција, Жером Саломон.
Во Франција, во изминатите 24 часа заразени беа 45.552 лица, со што вкупниот број на заразени достигна два милиона и 36.755 лица. Саломон рече дека 437 лица починале во последните 24 часа, а 46.273 од почетокот на епидемијата.
Comments are closed for this post.